Во возило на кумановец пронајдени сомнителни 42 пакувања, најверојатно марихуана

Сподели со своите пријатели

Во текот на вчерашниот ден во 10.30 часот на Граничниот премин „Долно Блаце“, при контрола на товарно моторно возило марка  „Форд Транзит“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на приватна фирма, а  управувано од Д.И. (65) од Куманово. во возилото биле пронајдени 42 пакувања непозната растителна материја,  најверојатно марихуана.

Како што информираат од Министерството за внатрешни работи, лицето е лишено од слобода, а поради влошена здравствена состојба во присуство на полициски службеници било пренесено во ГОБ „8-ми Септември“. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.