Во тек подготовките за вториот круг од локалните избори на 29 октомври

Сподели со своите пријатели

Во рамки на Локалните избори 2017 година тече кампањата на кандидатите за градоначалници кои ќе се борат за глас повеќе во вториот круг што ќе се одржи на 29 октомври.

Државната изборка комисија (ДИК), како што информираат од таму, се подготвува за печатење на гласачките ливчиња и изводите од Избирачкиот список за општините каде што досега е потврдено дека ќе има гласање во вториот круг. Општинските изборни комисии (ОИК) работата согласно роковникот на ДИК за спроведување на вториот круг за гласање. Во тек е прием на известувања за болни и немоќни лица кои сакаат да гласаат на изборите. Рокот за поднесување на овие пријави истекува денеска на полноќ. Болните и немоќните ќе гласаат на 28 октомври во своите домови, на ден пред одржувањето на вториот круг од изборите.

Според заклучокот на ДИК, втор круг на локалните избори за градоначалник на 29 октомври треба да има во Боговиње, Брвеница, Бутел, Виница, Врапчиште, Гази Баба, Гостивар, Градско, Дебар, Демир Капија, Долнени, Желино, Зрновци, Јегуновце, Кавадарци, Карбинци, Кисела Вода, Липково, Македонска Каменица, Македонски Брод, Могила, Новаци, Пробиштип, Росоман, Старо Нагоричане, Студеничани, Теарце, Тетово, Чаир, Чашка, Чешиново Облешево, Штип и Шуто Оризари.

Точниот број општини каде што ќе има гласање на вториот круг од изборите ќе се знае во понеделник, откако ќе биде познат исходот од одлуките на Управниот суд за евентуалните тужби по решенијата на ДИК за приговорите за првиот круг од гласањето на локалните избори.

Извор: МИА

Loading...