Во тек активности за реконструкција на повеќе улици во Куманово

Сподели со своите пријатели

Екипи на фирмите изведувачи работат на терен на повеќе улици во Куманово. Во тек е отпочнување на активности за реконструкција на улицата „Пелинска“, информираат од одделението за односи со јавност при општината.

На улицата ќе се дислоцираат времените објекти (гаражи), ќе се прошири паркинг просторот, ќе се одбележи и ќе се и уредат тротоарите.

Во меѓувреме се поставува бекатон на улицата „Вук Караџиќ“. Од одделението за односи со јавност од општина Куманово, информираат дека во тек е тампонирање на улиците „Веселин Вујовски“ и „Божидар Аџија“.

На улицата „Борко Танев“ пак, заврши поставувањето на канализационата мрежа, а наскоро ќе започне асфалтирањето. Фекална канализација е поставена и на улицата „Осогово“, каде се поставени и бекатон плочки. Улицата „Моша Пијаде“ е асфалтирана.

Инаку, во населбата „Гладно Поле“ се врши пробивање, реконструкција и тампонирање на улиците „Авној“ и уште неколку улици. Реконструкцијата на улиците се спроведува согласно развојната програма на општина Куманово за тековната година.

Извор: МИА

Loading...