Во Струга денес започнува 54. издание на ”Струшки вечери на поезијата”

Сподели со своите пријатели

Во Струга денес се отвараат 54 -тите по ред ”Струшки вечери на поезијата”. Секоја година, на почеток на ова културна манифестација, се сади традиционално дрво и се одржува поетско читање во чест на добитникот на ”Златниот венец”.

Loading...

Кинескиот поет Беи Дао е овогодинешниот победник на 54 -тото издание на ”Струшки вечери на поезијата”, а фестивалот ќе се одржува пред Домот на поезијата и на отворени сцени во Струга. Истовремено поетски читања, „Поезија на пат“ ќе има и во Охрид, Ресен, Битола и Скопје.

Свое учество ќе земаат 44 поети од 29 земји. Присутни ќе бидат имиња во современиот поетски свет од Шпанија, Шведска, Индија, Германија, Норвешка, Австралија, Чиле, Јапонија, Израел, Словачка, Русија, САД, Либан, Мексико, Молдавија.