Во статуа на Исус пронајдени пораки стари 240 години

Сподели со своите пријатели

Експертите кои ја обновуваат статуата на Исус во шпанското село Сотиљо де ла Рибера, во покраината Бургос, откриле две рачно пишани пораки од 1777 година во шуплината во статуата.

Пораката која ја напишал Оакин Мингез, тогашен свештеник на катедаралата во блискиот град Бурго де Осма, содржат негови ставови за прашања од економијата, религијата, политиката и културата, јавуваат шпанските медиуми.

Научниците откриле забранети записи на Исус (фото)

Loading...

Локалниот историчар Ефрен Аројо вели дека авторот на пораката како и уметникот кој го изработил кипот се надевале дека пораките еден ден ќе бидат пронајдени.

Весниците откритието го опишуваат како „временска капсула’.

Иако е вообичаено скулптурите да содржат скриени простори крајно е необично да содржат рачно пишувани документи, рекол Аројо.