Во Старо Нагоричане излезноста 46,56 проценти, во Липково 36,75 отсто

Сподели со своите пријатели

Во Старо Нагоричане гласањето тече без проблеми, а излезноста до 17 часот е 46,56  проценти, соопшти Општинската изборна комисија.

Во Општина Старо Нагоричане право на глас имаат 3.428 граѓани, а се гласа на 37 избирачки места.

И гласањето во општина Липково, се одвива непречено, информира Општинската изборна комисија. Според Лирим Шабани, претседател на ОИК, до 17 часот излезноста е 36,75 проценти. Во Липково право на глас имаат 25.070 граѓани кои гласаат на 36 избирачки места.

Извор: МИА

Loading...