Во среда КК Куманово на домашен терен го пречекува Турк Телеком

Сподели со своите пријатели

По победата над омашен терен против КТП Баскет, овој пат играчите на Куманово како дел од Евро Купот ќе го пречекаат КК Турк Телеком.

Loading...

Натпреварот ќе се игра со почеток во 19 часот во спортската сала во Куманово, а цената на билетот ќе изнесува 100 денари.

Оваа сезона за играчите на Љубисав Луковиќ е повеќе од активна, а останува сите да присуствуваме на натпреварот во среда и да им ја дадеме максималната подршка од трибините.