Во Скопје протест за случајот со убиството малиот Алмир

Сподели со своите пријатели

Денска во Скопје ќе се протестира по објавувањето на вест на АлсатМ дека обвинителка бара преквалификување на делото во судскиот процес против Бобан Илиќ за прегазувањето на детето Алмир Али, пред една година во Куманово.

Како што пишува оваа телевизија, протестот ќе се одржи на “Камениот мост” во центарот на Скопје во 14 часот.

Протестите ќе се одржат под мотото “Обвинителите по вторпат го убиваат Алмир”, како што се вели во веста, ,,откако македонска обвинителка побара повторно одлучување за случајот со преквалификација од “убиство” во “сообраќајна несреќа што резултира со смрт”.

Партиите на Албанците во Македонија  велат дека тоа ќе ја одрази мизерната судска практика во Македонија. ДУИ инсистира на тоа дека е сторителот е виновен за убиство, земајќи ги предвид доказите како што е постоечкиот видео материјал.