Во синоќешните протести има повредени цивили и полицајци

Сподели со своите пријатели

Состојбата на просторот пред Владата  по синоќешниот протест е нормализирана. Улиците се расчистени, сообраќајот се одвива нормално и не е забележливо засилено полициско присуство, јавува МИА.

Loading...

Во синоќешните демонстрации кои уследија по објавувањето материјали од страна на СДСМ за убиството на Мартин Нешкоски, според последните информации на МВР, повредени се 20-ина полицајци, како и четворица цивили.

Повредените се префрлени во Ургентниот центар, Градската општа болница „8-ми септември“ и хируршката болница „Св.Наум Охридски“. Приведени се повеќемина демонстранти. Подетални информации МВР најави во текот на денов.

При ескалацијата на протестот беа демолирани полициски автомобили и запалени контејнери, а според  МВР приченета е материјална штета на државен имот кај зградата на Владата.

По неколкучасовниот протест, што почна во 18 часот, полицијата околу 23 часот ја растера толпата граѓани кон околните улици кај Владата, а го блокираше пристапот кон владината зграда.

Leave a Reply