Во сабота турнир во тенис „11 Октомври“

Сподели со своите пријатели

Тениски турнир по повод 11 Октомври во сабота ќе се одржи на новите тениски терени кај спортската сала во Куманово, а во организација на Општинскиот сојуз на спортови.

Отварањето на турнирот е планирано во 10 часот, а учество ќе земат тениските клубови Куманово 2010 и ТК Тумба, како и ТК Нет од Струмица.

Турнирот претходно требаше да се одржи во вторник, но истиот поради лошите временски услови беше одложен.

фото: архива