Во „Рајските документи“ и името на српски министер

loading...

„Рајските документи“ кои протекоа во рамките на нова истрага од големи размери во британските оф шор раеви откриваат дека своето богатсво таму го криеле и државјани на Србија, меѓу кои и еден актуелен министер, пишува Мрежата за истражување на криминал и корупција КРИК.

Како е наведено на сајтот на КРИК, кој ја анализирал документацијата во врска со Србија, станува збор за министерот Ненад Поповиќ.

Претходно е објавено дека до „Рајските документи“ дошол германскиот весник „Зидојче цајтунг“ кој ги споделил со Меѓународниот конзорциум на истражувачки новинари со повеќе од 380 новинари од 67 држави.

„Рајските документи“ откриваат каде светската елита го крие богатството

Во базата е застапена една петина од најдисктретните порески раеви на светот, меѓу кои Антигва и Барбуда, Куковите острови и островот Мен.

Новиот проект значително ја продлабочува истрага на „Панамските документи“ кога една од главните агенции за основање и водење оф шор фирми успеа да изгуби 11,5 милиони документи.

Новите податоци расветлуваат група неистражени островски порески раеви, вклучуваји и некои со почиста репутација како Кајманските и Бермундските острови.


© Крадењето авторски содржини е забрането со закон. Преземањето на текстови, изјави или фотографии во авторска сопственост на порталот Кумановски Муабети е дозволено делумно, со задолжителен хиперлинк до содржината која се пренесува.

Последни наслови

Facebook Comments