Во потрагата по Цветковски вклучени и кучиња трагачи

Сподели со своите пријатели

Полицијата се уште трага по педесет и деветгодишниот Драган Цветковски од Куманово кој исчезна на пред два дена од својот семеен дом во населбата Гоце Делчев.

Последен пат Цветковски бил виден во понеделник околу 13:30 часот во близина на ресторанот „Бела Дона“ и од тогаш на Цветковски му се губи секаква трага.

Според неговото семејство, Цветковски имал здравствени проблеми и до сега не се одалечувал од својот дом. Повремено знаел да прошета до локалитетот Кисела вода во атарот на селото Проевце, но сега се сомневаат дека заталкал кон центарот на градот и поради своите здравствени проблеми не знае да се врати дома.

Драган е висок околу 180 сантиметри, има црна коса, а кога исчезнал бил облечен во сива јакна, темно кафеави панталони и сива капа. Членовите на неговото семејство се обратија до нашиот портал и ги замолуваат сите граѓани доколку го препознаат да се јават на телефонскиот број 071-559-608 или во полициската станица.

Ова не е прв случај во кумановската полиција повозрано лице да исчезне без трага од својот дом. Кон крајот на месец август исчезна седумдесет и едногодишна Душанка Митровска, откако го напуштила својот семеен дом лоциран на улицата „Тоде Думба“. До ден денес сите напорни на семејството и полицијата која во портагата имаше вклучено и кучиња трагачи беа залудни и Митровска се уште се смета за исчезнато лице.

Вечерта кога исчезнала истата била видена како се упатува кон населбата Гоце Делчев, а роднините велат дека според информациите кои ги добивале од граѓаните таа била видувана во близина на ООУ „Бајрам Шабани“ и градскиот пазар во Куманово.

Митровска исто така имала здравствени проблеми и претходно не излегувала во текот на ноќта без придружба од некој член на семејството, но вечерта на 27 август останала сама во домот по што и се губи секаква трага. Била облечена во пижами и сина блуза.