Во пораст стапката на неплодност, а причината ќе ве шокира

Сподели со своите пријатели

Уделот на жени без деца во Европа се зголемува, пред се во земјите на југот од континетот кои се погодени од економски проблеми, иако се уште не е достигнат рекордот од почетокот на 20 век, покажува објавената француска студија.

Во истражувањето е спореден уделот на жените родени помеѓу 1900 и 1927 година кои немале деца и се покажало дека секоја четврта жена родена во првата децена од 20 век немала деца, додека меѓу жените родени по 1970 година, тој удел е 14%, односно секоја седма, објави Националниот инстит за демографски студии ИНЕД.

Во првата светска војна животот го изгубиле голем број млади мажи во доба за женидба, а економската криза во 30-те години од 20 век ги приморала најсиромашните да се иселат во побогатите земји, со што се објаснува масовното одложување на мајчинството во почетокот на 20 век.

Како што се остварува економскиот раст, а системот на социјална заштита се воспоставуваше, забележително опаднал уделот на жените без деца. Настапил и „бејби бум“ кој траел се до 1975 година со стапка на плодност од 2,1% деца по жена, при што меѓу жените родени кон почетокот на 40те години дури секоја 10 немала дете. Тогаш меѓутоа стапката на плодност започнала да опаѓа, па меѓу жените родени во 1974 година изнесувала 1,7 деца по жена.

Ефиканската контрацепција, задоцнетите раѓања, поголемата нестабилност на врските, желбата пред се да се добие работа која е нестабилна и се поголемата економска неизвесност можеле да допринесат пад на стапката на плодноста, се наведува во анализата. Во Јужна Европа стапката на неплодност најбргу пораснала, па во Шпанија, Грција и Италија можно е меѓу жените родени во 70-те години и секоја четврта да биде без деца.

Во овие земји, кои се во проблеми со пазарот и запосленоста, при што нееднаквоста на половите и натаму е изразена што го отежнува ускладувањето на работните и семејните обврски, оваа стапка би можела додатно да порасне и така да достигне врв кој е забележан по Првата светска војна. предвидува институтот.

 

Loading...