Во понеделник започнува кампањата за локалните избори

Сподели со своите пријатели

Политичката кампња за локалните избори започнува во понеделник токму на полноќ, 20 дена пред одржувањето на изборот за градоначалници и советници.

На 13ти октомври завршува кампањата за првиот круг избори, по што следува 24-часовен предизборен молк, а на 15 октомври се одржува првиот круг од локалните избори. Доколку во одредени општини има потреба од втор круг, тогаш кампањата за истиот трае до 27 октомври по што повторно стапува на сила предизборниот молк, додека самото гласање ќе се одржи на 29 октомври.

Во вториот круг се гласа само за први луѓе на општините, додека совентиците ќе бидат изберени во првиот круг и распределени согласно бројот на гласови освоени од политичките партии.

Порталот Кумановски Муабети непристрасно и професионално ќе ја следи кампњата и самиот ден на изборните процеси. Ќе се потрудиме максимално да ви ги пренесеме ставовите на политичарите со цел граѓаните да имаат можност да се запознаат со сите подеднакво. До надлежните инцституции нашиот портал има доставено ценовници за платено политичко рекламирање и заинтересираните политички субјекти по претходен договор можат да закупат банер простори.

Сите информации поврзани со локалните избори можете да ги читате и во посебна категорија во нашето мени, веднаш до табот Вести.