Во полициска акција во Куманово приведени поранешни припадници на ОНА (видео)

Сподели со своите пријатели

Непосредно пред 21:00 часот, вчеранавечер според тврдењата на порталот Журнал.мк на албански јазик, во Куманово се одвивала  полициска акција во која се уапсени три лица.

Loading...

Станува збор за извесни браќа Реџепи, од кои еден од нив е ветеран на т.н ОНА Реџеп Реџепи кој се борел во составот на Ослободителната војска на Косово и ОВК. Меѓу уапсените се и двајца од неговите браќа, Шефкет Реџепи и уште едно лице кој работи како полициски инспектор.

Роднините на притворените за Алсат-М велат дека за време на увидот во нивната куќа, полицијата не пронашла ништо сомнително, додека лицата биле лишени од слобода.

Акција според порталот Журнал била потврдена од страна на МВР. Подетални информации се најавени за денес.

Leave a Reply