Во петокот се отвора Версус Бар

Сподели со своите пријатели

Овој петок, 26 мај, со почеток во 21:00 часот, добро познатиот Версус Бар повторно ќе ги отвори вратите за своите гости. Реновираниот објект кој изминатите неколку години на кумановци им принуди многу изненадувања, повторно ќе продолжи да работи со исто темпо. Со настапи на најеминентните имиња од балканската сцена, Версус Бар на своите многубројни гости им нудеше ексклузивни забави. За оваа сезона, како што велат и самите, се спремаат уште повеќе и најавуваат уште едно возбудливо лето, исполнето со многу забава.

Loading...

На свеченото отварање, за музика ќе биде задолжен добро познатиот DJ Shorty P AKA Pancho, кој со своите хип-хоп и аренби звуци ќе ја размрда публиката. По настапот на главната звезда на вечерта, забавата ќе продолжи со настапот на DJ Marco, кој на публиката ќе ја разигра со најголемите Македонски и Екс Ју хитови. Влезот на забавата ќе биде слободен, а најавени се и многу изненадувања, промоции како и голем огномет.


Во саботата, забавата ќе продолжи со миленикот на кумановската публика DJ Sicky, кој со својата музика секогаш знае да ја вжешти атмосферата и да ги разигра присутните. Истата вечер, Версус Бар ќе ги почести своите гости со 50% попуст на сите пијачки, во периодот од 21:00-22:00 часот.


Благодарение на Версус Бар, Kуманово и летово ќе биде дом на најголемите звезди од Балканот. Останува само да видиме какви се изненадувања ќе ни приреди менаџментот на локалот. На отворањето поканети се сите кои се расположени за добра забава. Редакцијата на Кумановски Муабети им посакува многу успех во работата, а на гостите на Версус Бар им посакуваме убави моменти во ре-отворениот локал.