Во петок започнува Меѓународниот кошаркарски турнир „Растеме заедно“

Сподели со своите пријатели

Кошаркарскиот клуб Пинк Пантери викендов ќе биде домаќин на шестиот по ред Меѓународен кошаркарски турнир „Растеме заедно“.

Деновиве младите кошаркари, активно се подготвуваат на тренинзите за почетокот на турнирот, каде веднаш по самото отварање ќе го стартуваат мечот со хрватскиот клуб Сплит.

Кошаркарскиот клуб Пинк Пантери  од Куманово оваа година го организира шестиот по ред Меѓународен кошаркарски турнир „Растеме заедно“. Оваа година покрај нашата екипа учествуваат уште три други екипи. Екипата на Сплит од Хрватска, екипата на Кос од Босна и Херцеговина и екипата на Бора Чачак од Србија. Турнирот трае три дена, 7ми, 8ми и 9ти октомври се одржува турнирот. Свеченото оварање е предвидено за во петок во 19:30 часот, а потоа следуваат натпреварите. Нашата екипа веднаш по отварањето го игра првиот меч на турнирот со КК Сплит од Хрватска – Бојан Златковски, директор на КК Пинк Пантери.

Турнирот има натпреварувачки карактер, а за најдобрите се предвидени и медали и пехари кои ќе бидат доделени на самото затворање на спортската манифестација.

Инаку, Кошаркарскиот клуб Пинк Пантери минатиот месец гостуваа во Барселона, каде одиграа три натпревари против екипите на шпанскиот домаќин.