Во петок навечер услови за прв снег во Македонија

Сподели со своите пријатели

Времето денес ќе биде променливо облачно со слаб до умерен ветер, претпладне од југоисточен, а
попладне од северен правец, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Попладне и преку ноќта ќе има слаби локални врнежи од дожд повеќе во северните и источните делови од земјата. Минималните температур ќе се движат од 5 до 12 степени, додека максималните дневни од 15 до 21 степени целзиусови.

Во Куманово и околината денес ќе имаме облачно времее проследено со врнежи од дожд  и засилен ветер од југоисточен правец. Максималната температура ќе достигне 18 степени целзиусови.

Од денес попладне ќе започне да дува северен ветер кој во наредните денови  повремено ќе биде засилен и ќе предизвика значително опаѓање на температурите.

Поради спуштање на студен воздух од север во текот на ноќта кон петок и во петок претпладне на повисоките планини во северозападниот дел од земјава врнежите ќе поминуваат во снег. Од петок попладне следува период на стабилно, суво и постудено време.

 

Loading...