Во пад на хеликоптер загина принцот на Саудиска Арабија

Сподели со своите пријатели

Во Саудиска Арабија се сруши хеликоптер во кој биле принц и неколку високи саудиски функционери, јавува агенцијата Анадолија.

Според првичните информации, несреќата се случила во регионот Асир и никој од лицата во хеликоптерот не преживеал.

Саудиската државна телевизија јавува дека во несреќата загинал принцот Мансур бин Мукрин, заменик на гувернерот во Асир, покраина на саудиско-јеменската граница.

Причината за несреќата која се случила на крајниот југозапад на Саудиска Арабија и натаму е непозната, а меѓу функционерите кои загинале се и вршителот на должност гувернер во покраината Асир, Салман ал-Јериши, генералниот секретар на регионот Салих бин Абдухал ал-Кади, шефот на канцеларијата за земјоделство во Асир, Фахд ал-Фертиш, директор на полицијата Салих бин Сулејман ал-Карзаи и уште неколку високи функционери.