Во оваа мистериозна зграда без прозорци се чуваат највредните книги во светот (фото)

Сподели со своите пријатели

Необична мермерна зграда без прозорци која се наоѓа во рамките на кампусот на Универзитетот Јејл, сокриена од погледот на заинтересираните, чува бистинско богатство – колекција од околу 180 илјади примероци на исклучително ретки и вредни книги, меѓу кои и Библијата на Гунтеберг од 1455 година.

 

Loading...

 

Една е од најголемите библиотеки на светот и посветена на исклучително ретки примероци на книги и рани ракописи.

Библиотеката Бајнек својот необичен дизајн кој привлекува внимание го должи на тоа што мора да ги заштити старите книги и ракописи.

https://www.instagram.com/p/BY1HU1alvlK/

Поради тоа нема ниту прозорци, но благодарение на само 3,2 сантиметри текнките ѕидови, минува доволно светлина за да таму може да се чита, а тоа да не им наштети на книгите.

 

 

Ноќе зградата добива сјај благодарение на светлата од библиотеката кои продираат надвор низ благо приѕирните мермерни ѕидови.

https://www.instagram.com/p/BYl16hylkzC/

Loading...

Централно место во библиотеката е и стаклената кула од шест ката во која се чуваат највредните примероци на книги и ракописи.

 

 

Со оглед на тоа дека книгите мора да се чуваат во одредени услови за да што подолго опстојат, овој дел не е отворен за јавноста.

https://www.instagram.com/p/BYgfpV7nAaQ/

Него го опркужуваат изложбен простор во кој се наоѓа и примерок на Библијата на Гутенбер. Подрумските кадови вклучуваат колекција од скоро милион други книги, а тие се отворени за јавноста.

 

 

Бајнек чува книги печатени во Латинска Америка пред 1751 година, во Северна Америка пред 1821 година, весници печатени во сад пред 1851 година, европски памфлети печатени пред 1801 година, како и словенски, источноевропски и блискоисточни книги од 18 век.

https://www.instagram.com/p/BYeVaniAKwE/

Loading...

Колекцијата се проширила на книги кои вклучуваат и печатени во денешно време, ограничени примероци и уметнички книги, но и илјадници архивски материјало од она пишано на папирус па се до средноевропските ракописи.

Библиотеката ја дизјанирал артикектот Гордон Бушафт, а нејзината изградба е завршена во 1963 година.

https://www.instagram.com/p/BYHTKQilOh4/

Името го добила по семејството кое донирало многу колекции книги во оваа библиотека, но и финансиски ја помогнала изградбата на истата.