Во Мексико загрозено најважното подводно археолошко наоѓалиште во светот

Сподели со своите пријатели

 Пештерата Сак Актун во Мексико, за која стручњаците тврдат дека е најзначајното подводно археолошко наоѓалиште во светот, е во опасност поради загадувањето.

Археологот Гиљермо де Анда предупредува дека загадувањето и урбанизацијата на околината го загрозуваат овој подземен комплекс на полуостровот Јукатан.

– Сак Актун е веројатно најзначајното подводно археолошко наоѓалиште во светот, истакнува Де Анда.

Експертите се загрижени за иднината на локалитетот бидејќи една од најголемите сообраќајници во тој регион минува над археолошкиот комплекс.

Исто така, водата во пештерата има висок степен на киселост поради блиската депонија на отворено.

Многу од деловите на пештерскиот комплекс во Јукатан некогаш биле над нивото на морето и во нив се пронајдени артефакти од цивилизацијата на Маите./МИА

Leave a Reply