Во кумановскиот суд одложено судењето за смртта на Алмир

Сподели со своите пријатели

Во кумановскиот суд денеска повторно беше одложено судењето против обвинетиот Бобан Илиќ, кого обвинителството го товари дека го прегази четиригодишниот Алмир, кој по здобиените повреди почина.

Рочиштето на кое требаше да бидат презентирани завршните зборови е одложено поради работно отсуство на двајца обвинети за насилство во истиот случај, чичкото и уште еден роднина на Алмир.

Адвокатот на обвинетите Сами Демири и Абдула Алиу информираше дека тие не можат да присуствуваат на ова рочиште поради дефект на камион со кој работеле и кој се наоѓа на турско-грчката граница. Адвокатот на обвинетите за наслиство, Асмир Алиспаиќ достави патен налог до судијата која го одложи рочиштето за 23 овој месец.

Обвинителството го товари обвинетиот Илиќ дека на 25 јуни предминатата година го убил четиригодишниот Алмир Алиу, по претходна банална вербална расправија со таткото на момчето во кумановскиот Здравствен дом. Осомничениот се товари дека го прегазил четиригодишниот Алмир на улицата „Борис Кидрич“.

За истиот настан против три други лица, таткото на детето Седат Алиу, Сами Демири и Абдула Алиу е поднесено обвинение за кривично дело насилство.