Во Куманово се одржа „Пивтијада 2018″ (галерија)

Сподели со своите пријатели

По повод големиот христијански празник Водици, традиционално по 16-ти пат денеска во Куманово се одржа манифестацијата Пивтијада 2018, во организација на здружението на граѓани мултимедијален центар „Карпино“.

 

Loading...

 

На манифестацијата учествуваа 17 домаќники кои подготвија околу 700 чинии пивтии. Посетителите имаат можност да дегустираат од овој зимски специјалитет.

– Ние мислам дека сме и први во Република Македонија кои почнавме со ова, после нас почна Пиво фест, и други манифестации ние традиционлано имаме поддршка од локалната самоуправа а се надевам дека ќе има и во другите програми на Министерството за туризам, поддршка на манифестации во сфера на гастрономија, или други програми од меѓународни како и УНДП, Усаид и затоа мислам дека сите овие манифестации ќе продолжат да живеат, изјави Зоран Павловски, претседател на здружението „Карпино“.

 

 

Стручното жири оцени дека највкусна и најубаво декорирана пивтија е на 73-годишната кумановка Виолета Чардаревиќ, која учествува по деветти пат.

– Ако имате волја, желба и љубов воопшто не е тешко , ние пензионерите имаме време затоа еден ден ги чистиме, наредниот се варат од 8 до 10 часа и се додава малку лук кој се става во вода, за да биде еднаков на сите, се дели месото и за да се фатат, не мора ноќ мене ми беа готови за два часа….Питиите доколку се добро сварени не може да не се фатат бидејќи има месо. …Со пивтијата традиционално оди греана ракија, лебче и салата, вели Чардаревиќ.

 

Loading...

 

Членовите на стручното жири оценија дека годинава домаќинките направиле вкусни пивтии.

– За добра пивтија треба на секоја нога два литри вода, свежо месо и да се вари на тивко, ако се вари како сега на поголема температура не се толку бистри туку матни и затоа немаат високи поени…Треба да се процени колку сол ќе се стави, бидјеќи и месото е солено, да има и лук, сите други додатоци даваат друг вкус, гледавме доколку се многу декорирани со моркови и слично не ги наградувавме само оние чисти пивтии, изјави Влајче Петковски.

 

 

Дел од пивтиите ќе бидат подарени на Домот за стари лица Зафир Сајто.“. Беше извршено и примопредавање на кумството од стариот мото клуб Мечки, на новите кумови Фото кино клуб Козјак.

 

 

Loading...

 

 

 

 

Loading...