Во Куманово ќе се одржи Меѓународен аикидо семинар

Сподели со своите пријатели

По повод јубилејното десетгодишно постоење на Аикидо клуб ”АГАТСУ” , во соработка со Општинскиот Сојуз на спортови, во Куманово за време на викендот ќе се организира Меѓународен семинар по Аикидо.

Loading...

Семинарот ќе го водат Аикидо мајстори од Македонија, Р. Србија, Шведска, Хрватска и Бугарија.

Според агендата, семинарот по Аикидо ќе биде отворен во сабота со почеток во 13 до 18 часот во спортската сала на СОУ ”Перо Наков” во Куманово,  и истиот ќе продолжи во недела од 11 до 14 часот.

Влезот на Меѓународниот семинар по Аикидо е слободен.

 

 

 

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Кумановец бил агресивен и оштетил инвентар на бензинска пумпа

 

Loading...

Leave a Reply