Во Куманово дебата за учество на лицата со попреченост во политиката

Сподели со своите пријатели

Јавна дебата на тема: „Политичко учество на лицата со попреченост“ во организација на Здружението за промоција и развој на инклузивно општество ИНКЛУЗИВА, со поддршка на Проектот на УСАИД за граѓанско учество, денеска ќе се одржи во Куманово по повод  Меѓународниот ден на човекови права.

Политичкото право, велат организаторите, е загарантирано право во демократските земји и не се однесува само на политичкиот и изборниот процес туку подразбира и активна вклученост со делување во сите развојните процеси.

Исто така, ова право обезбедува поголемо учество на граѓаните со попреченост во процесот на донесување одлуки што влијаат врз нивниот живот и врз остварувањето на основните права и слобода, благосостојба и заштита.

Извор: МИА

Loading...