Во Куманово 19 литри дожд на метар квадратен

Сподели со своите пријатели

Врнежи од дожд во текот на изминатите 24 часа имало на целата територија на државата, пообилни во Маврово, Тетово, Лазарополе и Дебар.

Според УХМР во Маврово се измерени 130 литри на метар квадратен воден талог, во Тетово 84, Лазарополе 75, Дебар 71, Охрид 44, Скопје 35, Куманово 19, Претор 12, Крушео и Тополчани 10, Прилеп 7, Скопје-Петровец шест, Крива Паланка пет и Берово, Штип и Битола еден литар.

Температурите насекаде биле во позитива и се движеле од четири во Тетово и Лазарополе, пет во Маврово,  шест во Куманово, Дебар и Берово, седум во Крушево, осум во Гевгелија, Скопје Петровец, девет во Скопје, Претор и Тополчани, 10 во Охрид, Прилеп и Крива Паланка, 11 во Битола, 12 во Демир Капија, 13 во Виница, 14 во Дојран и Штип и 16 во Струмица.

Утрово времето е облачно на повеќе места со обилни врнежи од дожд, најобилни беа во западните делови. Дува слаб, а во источните делови на места повремено засилен ветер од јужен правец.

До крајот на денот времето ќе биде облачно на повеќе места со изобилни врнежи од дожд, најобилни во југозападните и источните делови на земјава каде се очекува да наврнат над 60 л/м2 воден талог. Ќе дува слаб до умерен ветер  од северен, а во јужните делови повремено засилен од југоисточен правец.

Максималната температура ќе достигне од 9 до 16 степени.

Во Скопје времето ќе биде  облачно со врнежи од дожд со умерен интензитет и со слаб до умерен ветер од од североисточен правец. Максималната температура ќе достигне до 10 степени.

За време на викендотврнежите ќе бидат полокализирани, но ќе има услови да бидат и поројни. Врнежи од снег ќе има само на највисоките планини во северозападните делови. Од понеделник ќе дува северен ветер, а температурите ќе бидат во опаѓање.

Извор: МИА

Loading...