Во касарната „Боро Менков“ одбележан Денот на Армијата (фото)

loading...

Со воена свеченост и изложување на дел од од воената опрема денеска во кумановската касарна „Боро Менков“ беше одбележана 25-годишнината од формирањето на Армијата на Република Македонија.

По повод Денот на АРМ во рамките на свеченоста се одвиваше постројување на припадниците на  единиците од гарнизон Куманово, предавање на стројот на Командантот на здружено оперативната команда (ЗОК) бригаден генерал Зоран Милески, кој воедно одржа и поздравен говор пред присутните во кој истакна дека и покрај многуте предизвици армијата секогаш била и ќе остане рамо до рамо со граѓаните на Македонија.

Градејќи го мирот секогаш ќе бидеме подготвени да го одбраниме суверенитетот и територијалниот интегритет на Република Македонија. АРМ ќе го продолжи своето чекорење кон интеграциите на НАТО алијансата, сите овие години направивме значајни чекори кон изодување на тој пат. Ќе ја интензивираме обуката на единиците, претстојните вежби ќе бидат само уште една потврда за тоа – рече Милески.

Од припадниците на армијата, Милески во наредниот период очекува единство и почитување на принципите на одбрана и зачувување на територијалниот суверенитет и интегритет на државата, како и успешно извршување на поставените задачи.

На манифестацијата со едноминутно молчење им беше одадена почит на сите припадници на воените сили кои ги загубиле животите на браникот на државата, а беа врачени и одликувања и пофалби на дел од војниците.

На прославата присуствуваа и преставници од државна управа, јавните установи и служби, преставниците на единицате на локалната самоуправа во зоната на одговорност и правни и физички лица со кои Армијата на Република Македонија има соработка.


Последни наслови

Facebook Comments