Во Јапонија дрон ќе ги брка оние кои ќе одлучат да работат прекувремено

Сподели со своите пријатели

Јапонската компанија „Таисеи“ развила пособен дрон со необична задача, работниците кои на работа ќе останат прекувремено да ги брка од работните места.

Дронот ќе се изнајмува на заинтересираните компании по цена од 433 долари месечно.

Тоа инаку е една од напорните, и по здравјето и животот, опасна навика на работниците во Јапонија, кои претеруваат со прекувремена работа, што инаку е дел од тамошната работна култура.

ВИСТИНСКО ЛУДИЛО ВО ЈАПОНИЈА: Започна фестивалот на пениси (видео)

Loading...

Дронот, наречен „T-Friend“, има само една специфична задача, работниците по завршување на работното време да ги предупредува дека е време да го напуштат своето работно место и да си заминат дома.

„T-Friend“ ќе лета по канцелариите со намера со песната „Auld Lang Syne“, која обично во Јапонија се пушта како знак за крај на работното време, и со својот глас на зуење да ги брка работниците.