28.02.2018 10:57

Во Драч запленети над 500 килограми кокаин

loading...

Албанската полиција во пристанишниот град Драч заплени над 500 килограми кокаин, пристигнат од Колумбија, кој требало да биде транспортиран кон Италија.

Како што јави дописникот на МИА, дрогата, скриена во камион што патувал за Италија, била пронајдени со помош кучиња трагачи по наркотици.

Според албанскиот Сектор за борба против тровијата со дрога, запленувањето на кокаинот следува по подолга истрага, а информации биле добиени од германската полиција.

Возачот на камионот, кој е приведен, тврдел дека не знаел оти во возилото има дрога.

Ова е досега најголемо количество на кокаин запленето од страна на албанската полиција. /МИА/ фото:архива


© Крадењето авторски содржини е забрането со закон. Преземањето на текстови, изјави или фотографии во авторска сопственост на порталот Кумановски Муабети е дозволено делумно, со задолжителен хиперлинк до содржината која се пренесува.

Последни наслови

Facebook Comments