Во четврток ќе се знае новиот претседател на СДСМ Куманово

Сподели со своите пријатели

Во четврток се очекува да биде избран новиот претседател на Општинската организација на  СДСМ Куманово, дознава Кумановски Муабети од извори блиски на партијата.

За главен фаворит во трката за претседател на Општинската организација според партиските избори повторно е Мартин Костовски кој приложил своја кандидатура, но во игра е и актуелниот директор на Јавното претпријатие „Водовод“ Горан Стојковски.

Одлуката за тоа кој ќе ја води партијата во следните четири години согласно мандатот ќе го има претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Зоран Заев кој до четврток треба да одлучи дали повторно ќе му ја даде довербата на Костовски или овој пат ќе се одлучи да направи промени во раководната структура на локалниот огранок на партијата.

 

Loading...

 

Костовски како претседател на СДСМ Куманово бележи успеси во своето работење, неколку последователни победи на локалните избори со што се смета дека е доверлив човек за да повторно партијата му даде нов четиригодишен мандат.

 

 

Стојковски доста добро помина кај предлозите од месните одбори во Куманово, кои во поголемиот дел токму него како свој фаворит го предложиле да раководи со ОО на СДСМ.