Во Бугарија одадена почит на нацистички генерал (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Со прошетка низ центарот на бугарската престолнина Согија, стотина ултрадесничарки екстремисти одадоа почит на бугарскиот генерал Христо Луков, кој во 30-те и 40-те години од минатиот век ја водел пронацистичката организација.

Млади во темна облека, носејќи пиротехнички средства, прошетаа до поранешниот дом на Луков, каде положиле венци. Властите во Софија првобитно го забраниле собирот, а одлуката е поништена на суд.

https://www.facebook.com/JnNiedersachsen/videos/1595277883854970/

Loading...

Градоначалничката на Софија, Јордана Фандукова инститирала дека ваков собир не му доликува на градот.

Амбасадата на САД во Софија соопштила дека е загрижена поради нетолеранцијата, видена на денешниот собир.

– Генералот Христо Луков бил приврзаник на нацистите, кој промовирал омраза и неправда и не е нкој кој заслужува да биде величен, соопштила амбасадата.

Leave a Reply