Во Австралија живеат 98.441 лице со македонско потекло

Сподели со своите пријатели

Вкупно 98.441 лице во Австралија одговориле дека имаат македонско потекло на пописот кој Австралиското Биро за статистика го спровело во текот на изминатата година, за разлика од 2011 кога оваа бројка била нешто помала и изнесувала 93.570.

На прашање кој јазик го зборуваат дома дури 66.019 лица се изјасниле дека го употребуваат македонскиот, што е мал пад во однос на пописот од 2011 година, кога на оваа прашање ист одговор дале 68.849 лица.

Од целокупното население на Австралија, 38.985 лица одговориле дека се родени во Република Македонија, што исто така е пад во однос на претходниот попис кога бројката изнесувала 40.222 лица.

Па кога не знаеме колку сме во Македонија, која нема спроведено попис уште од 2002 година, барем знаеме колку нашинци има во Австралија.

 

Loading...