ВМРО ДПМНЕ: Заев продолжува со спроведување на своето сценарио за дестабилизација на Македонија

Сподели со своите пријатели

Неговата улога е да биде маша на странски центри кои имаат за цел нарушување на стабилноста на Македонија и нарушување на нејзиниот меѓународен углед, се огласи по пат на соопштение владечката ВМРО ДПМНЕ по објавената ”бомба” од страна на СДСМ.

Loading...

Зоран Заев продолжува со спроведување на своето сценарио за дестабилизација  на Македонија. Тоа впрочем сега веќе им е јасно и најголемите поддржувачи на СДСМ, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.

“Зоран Заев продолжува да манипулира со креирани и лажни материјали кои ги става во контекст кој што нему му одговара, со цел да предзивика забуна кај граѓаните. Самиот тој со овие прес конференции потврдува кој се бил слушан и дека слушањето го правеле надворешни лица под патронат на странски центар.

Да потсетиме, Зоран Заев е истиот оној човек кој пред нецела година кажа дека на СДСМ не и личи да биде патриотска партија.

Зоран Заев е претседателот на партијата која во 1994 година додели 150 000 државјанства само за да победи на избори.

Зоран Заев е претседател на СДСМ, истата онаа партија која креираше меѓуетнички конфликти во 1997 година во Гостивар и Тетово, само за да ја прикрие девалвацијата на денарот.

Зоран Заев е претседател на СДСМ, структурата која што се поочигледно станува дека во 2001 година учествувала во креирање на вакво слично сценарио кое го гледаме и денес.

И конечно, Зоран Заев е претседател на партијата која го донесе системски најлошиот закон во Република Македонија, законот за територијална поделба и потоа го минираше референдумот за истиот.

Loading...

Зоран Заев за сите овие години беше нем и лојален поддржувач на штетните политики спроведени од неговата партија.

Да ја потсетиме јавноста дека Законот за амнестија е донесен во 2002 година, а за него меѓу другите гласале и Бранко Црвенковски, Радмила Шеќеринска Јани Макрадули и Никола Поповски.

Дополнително, за оваа тема имаше повеќе неделна јавна дискусија која ја памети целата македонска јавност.

Внесувањето на Македонија во истите стари сценарија е единственото нешто што СДСМ знае да го работи. Само преку креирање на конфликти и дестабилизација, сакаат да се доберат до власт. Тоа го правеле во минатото, а гледаме дека го прават и сега.

Граѓаните се мудри и знаат да ги препознаат деструктивните однесувања како ова на СДСМ и Заев. Тоа го казнувале до сега, а ќе го направат и на следните избори”, реагира ВМРО-ДПМНЕ по објавената “бомба” број 15 денес.

Leave a Reply