ВМРО-ДПМНЕ вечерва со митинг во Куманово

Сподели со своите пријатели

ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата вечерва на градскиот плоштад во Куманово ќе одржат голем централен митинг каде пред граѓаните на Куманово ќе ги претстават своите предизборни програми.

Свое обраќање пред присутните меѓу останатите ќе има и лидерот на партијата, Никола Груевски. Настанот е закажан во 20 часот, а претходно членовите на партијата ќе одржат митинзи во Ѓорче Петров.

Коалицијата „За живот во Македонија“ предводена од СДСМ ќе одржи митинзи во Шуто Оризари (12) и во Чаир (19).

ДПА ќе има митинг во Струга во Домот на културата во 16.30 часот.

Коалицијата за промени и правда ќе одржи митинг пред општина Кисела Вода во 17 часот, ќе има средба со граѓани во општина Карпош, а лидерот на Демократскиот сојуз и носител на кандидатска листа во првата изборна единица, Павле Трајанов ќе одржи прес-конференција на плоштад „Делфина“ во 13 часот.

Коалицијата Алијанса за Албанците ќе одржи митинг во Гостивар во 19 часот.

Носителот на кандидатската листа на Коалицијата „ВМРО за Македонија“ за ИЕ 1, Ден Дончев, ќе даде изјава пред Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во 12 часот.