ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата ја објавија кандидатската листа со советници во Куманово

Сподели со своите пријатели

ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата за подобра Македонија вчеравечер пред полноќ во просториите на Општинската изборна комисија ги поднесоа листите кандидати за советници и кандидат за градоначалник.

Вкупно 33 кандидати за советници ќе ја бараат довербата од граѓаните, а за кандидат за градоначалник е хирургот Зоран Ѓорѓиевски, кој вели дека листата е составена од најдоброто што партијата можела да го избере, а судот ќе го донесат граѓаните.

„Оваа вечер ја исполнивме нашата свечена и правма обврска да ги приложиме документите за кандидатура за градоначалик на град Куманово и за советничка листа за советници во партијата ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата за подобра Македонија. Гледате и самите овдека е доста позитивна енергија меѓу луѓето, сметаме дека овој пат граѓаните на Куманово ќе ја препознаат вистинската опција бидејќи Куманово е многу одамна зрело за промени кои ќе донесат нова енергија, свежа крв, нови идеи, се на крај за едно поубаво и просперитетно Куманово“ – изјави Ѓорѓиевски кој вели дека ВМРО-ДПМНЕ очекува најамлку 16 советници.

Носител на листата кандидати за советници е претседателот на Општинскиот комитет, Драган Петковски кој вели дека е голема чест што се наоѓа прв на листата.

„Се надевам дека граѓаните на Куманово овој пат ќе го препознаат квалитетот на нашиот кандидат за градоначалник пред се, а потоа и на составот на нашата советничка листа и својот глас ќе ни го дадат и ќе ни овозможат сите наши идеи и програми што сме ги предвиделе, а што ќе бидат презентирани пред граѓаните на Куманово ќе можеме конечно да ги оствариме и да допринесеме Куманово конечно да го одбие она што го заслужува и да застане на онаа место кое му припаѓа во Република Македонија“ – изјави Петковски.

На листата се и коалиционите партнери: Социјалистичка партија на Македонија, Демократска Партија на Србите во Македонија, Граѓанска опција за Македонија-ГРОМ, Сојуз на Ромите од Македонија, Партија на Правдата, Странка на демократска акција на Македонија, Партија на Власите од Македонија, Работничко Земјоделска Партија на Република Македонија, Нова Либерална Партија, Партија на обединети демократи на Македонија, Македонска Алијанса, Демократска Партија на Турците на Македонија, ВМРО-ДП  (ВМРО-Демократска партија), Македонска Акција (МААК), Демократски сили на Ромите,  Роми Обединети од Македонија, Движење за национално единство на Турците, Сојуз на Титови леви сили,  предводена од ВМРО-ДПМНЕ (ВМРО – Демократска партија за македонско национално единство).

Листата изгледа вака:

  1. Драган ПетковскиВМРО-ДПМНЕ

  2. Емилија Трајковска- ВМРО-ДПМНЕ

  3. Борислав Додевски – СПМ

  4. Саша Николиќ-ДПСМ

  5. Анета Шандева Доневска- ВМРО-ДПМНЕ

  6. Зоран Петрушевски- ГРОМ

  7. Невена Величковска- ВМРО-ДПМНЕ

  8. Мирослав Тричковиќ-ДПСМ

  9. Срѓан Рашити-СРМ

  10. Марија Цакиќ-ГРОМ

  11. Александра Тасиќ-ДПСМ

  12. Сашо Стошевски- ВМРО-ДПМНЕ

  13. Елена Трајановска- ВМРО-ДПМНЕ

  14. Тони Трај ковски-ТМРО

  15. Слаѓана Ѓорѓиевска- ВМРО-ДПМНЕ

  16. Дејан Ристов- ВМРО-ДПМНЕ

  17. Никола Перовиќ- ВМРО-ДПМНЕ

  18. Марија Стошиќ – ВМРО-ДПМНЕ

  19. Драган Димитриевски- ВМРО-ДПМНЕ

  20. Надица Петковиќ- ВМРО-ДПМНЕ

  21. Биљана Димитриевска- ВМРО-ДПМНЕ

  22. Дејан Трендевски- ВМРО-ДПМНЕ

  23. Анита Додевска- ВМРО-ДПМНЕ

  24. Славејко Јосевски- ВМРО-ДПМНЕ

  25. Срѓан Ивановски- ВМРО-ДПМНЕ

  26. Сузана Кузмановска- ВМРО-ДПМНЕ

  27. Виктор Славковски- ВМРО-ДПМНЕ

  28. Далибор Пешевски- ВМРО-ДПМНЕ

  29. Сања Јакимовиќ Петковска- ВМРО-ДПМНЕ

  30. Душица Вучковиќ- ВМРО-ДПМНЕ

  31. Стефан Д ушановски- ВМРО-ДПМНЕ

  32. Драган Ацковски- ВМРО-ДПМНЕ

  33. Ангела Велчевска- ВМРО-ДПМНЕ