ВМРО-ДПМНЕ: Државното знаме во центарот на Куманово се вее искинато

Сподели со своите пријатели

Искинато е државното знаме на Република Македонија на јарболот во центарот на Куманово, а никој не презема мерки од Владата ниту локалната самоуправа за некога замена, алармираат денеска од Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ Куманово.

Во продолжение интегралната прес конференција:

Неспособноста на новата Влада се гледа на секој чекој и од секој аспект.

 Еден од најважните симболи на секоја суверена и самостојна држава претставува знамето. Во секоја демократска земја кон државното знаме се постапува со посебно внимание и почит.

Неговото присутво може да се забележи  на најпознатите места, пред институции, на плоштади и слично, секогаш поставено по сите стандарди, онака како што доликува.

За жал, Владата на Заев и нивните учители не мислат така за Македонското знаме и Симбол на слободата и државноста. Како што можеме да видиме државното знаме, знамето на Република Македонија на јарболот во Куманово  е во многу  лоша состојба. Веќе неколку дена сведоци сме како знамето, се вее цело испокинато и прашање е на време кога ќе падне од јарболот.

Несфатливо е како до сега, оваа срамна слика остана незабележана од страна на локалната власт и од централните институции надлежни за одржување на  јарболите со државното знаме. Срамно е да не се реагира на време и да се обнови знамето, освен доколку е во прашање некоја порака што сакаат да ја пратат со искинатото знаме на граѓаните на Куманово.

 Тажно е тоа што се издвојуваат народни пари, дури над 3000 евра месечно за советнички плати на корумпирани кадри од Србија и што во прв план се ставени секојдневните партиските активности и интереси, скапиот функционерски, шарено-револуционерен живот, а интересите на граѓаните и државата се на серија тешки удари веќе во континуитет.

Во овој исклучително тежок период за нашата земја, не сакаме да веруваме дека со ваквото индолентно однесување кон државното знаме, СДС и Зоран Дамјановски сакаат да пратат порака до граѓаните, порака слична со онаа пратена преку скандалозната Стратегија за интеграција на бегалците и странците.. Затоа ги повикуваме надлежните локални служби да интервенираат и да го вратат знамето на вистинското место, највисоко и целосно развиорено – изјави Срѓан Ивановски од ОК ВМРО-ДПМНЕ.