Владата нема да иницира регулирање на порталите

Сподели со своите пријатели

Владата нема да иницира промени во Законот за медиуми со кој би се регулирала работата на порталите, но е отворена за сугенстии за законот доколку  професионалните здруженија сметаат дека има потреба од тоа.

Ова го изјави министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски денеска одговорајќи на новинарско прашање по средбата со претставникот за медиуми во ОБСЕ Харлем Дизер.

– Промените во Законот за медиуми, ако има потреба, треба да дојдат по барање од медиумските работници. Мислам дека ни треба консензус како општество ако треба да го отвориме ова прашање, истакна Манчевски.

Тој додаде дека Маккедонија како земја има сериозен проблем со т.н. феик њуз или лажни вести.

– Ние сме извор на феи књуз на глобално ниво, но работиме заедно и веќе разговарав со претставникот за медиуми на ОБСЕ Харлем Дезир, но и со други наши помагачи како може ова прашање на глобално ниво да го адресираме. Ние како Македонија, како мала земја сме прилично голем играч во областа на феи књуз и во рамки на Глобалниот самит за Западен Балкан што ќе се одржи на пролет ќе има посебен панел само за ова. Ќе ги поканиме сите големи медиуми и меѓународни организации затоа што сакаме заеднички да го дебатираме, истакна министерот Манчевски.

Извор: МИА

Loading...