Владата на Косово ја повика опозицијата да биде дел од преговорите со Србија

Сподели со своите пријатели

Шефот на делегацијата на Косово во техничкиот дијалог помеѓу Белград и Приштина, Авни Арифи ја повика косовската опозиција да се вклучи во процесот на преговори со Србија.

Арифи пред Комисијата на косовскиот парламент за надворешни работи рече дека Косово нема намера да усвојува нови споразуми во дијалогот со Белград без примена на оние кои претходно биле потпишани.

– Ние стремиме кон окончување на дијалогот и создавање политичка основа за конечен споразум. ние се ангажираме за да го завршиме дијалогот во целина со полно остварување на секој договор посебно, рекол Арифи додавајќи дека приротет во разговорите со Белград ќе произлезе од платформата која е усвоена во Собранието на Косово.

Истакнувајќи дека еден од најзначајните споразуми оној за Заедница на српски општини, Арифи рекол дека ставот на Владата во Приштина е дека заедницата е формирана во рамките со Сутавот и законите на Косово и со одлука на Уставниот суд.

– Ставот на Владата на Косово е ист како и ставот на високата претставничка на ЕУ, Федерика Могерини и претставниците на меѓународната заедница, а а тоа е дека сите сметаат дека Заедницата треба да биде формирана во рамките со Уставот на Косово, рекол Арифи.

Leave a Reply