Влада на РМ: Одлуките за поскапување на водата Регулаторна ги синхронизирала со резултатите од локалните избори

Сподели со своите пријатели

Владата на денешната седница им препорача на водостопанските препријатија дека согласно ставот 2 од членот 17 од Законот за утврдување на цените за водите можат да поднесат барање за измена на решенијата за тарифите за водна услуга.

Министрите на седницата ја разгледале информацијата за обврските и роковите кои произведуваат од Законот за утврдување на цени на водните услуги. Како што стои во соопштението од владината прес-службата, од анализата врз основа на оваа информација, произлегува дека Регулаторната комисија за енергетика не ги почитувала роковите утврдени согласно Законот за утврдување на цени на водните услуги. Наместо да бидат донесени во 2016, Регулаторната комисија за енергетика новите цени за водата ги донела по завршувањето на локалните избори во 2017 година.

Оваа постапка, посочуваа од Владата, сериозно ја доведува во прашање независноста на Регулаторната комисија за енергетика која очигледно ги синхронизирала одлуките за поскапување на водата со резултатите од локалните избори. Согласно ова, Владата им препорача на водостопанските препријатија да поднесат барање за измена на решенијата за тарифите за водна услуга./МИА

Leave a Reply