Влада на РМ: Наочарите на премиерот се купени по просечна цена

Сподели со своите пријатели

Преку писмено соопштение, Владата на РМ ги демантира наводните информации дека очилата за сонце на Премиерот Никола Груевски чинат 60 илјади американски долари.

Loading...

Сакаме да истакнеме дека се целосно неточни и невистинити наводите објавени во дел од медиумите дека очилата за сонце на премиерот Никола Груевски наводно чинат 60 илјади американски долари. Очилата воопшто не се дијамантски или луксузни како што неточно се наведува, туку се обични очила за сонце купени по просечна цена какви што може да се купат во секоја обична продавница за очила за сонце во Скопје.

Ваквиот тип на лаги и манипулации стануваат клучен инструмент во борбата на опозицијата за освојување на власт по секоја цена. Пред неполн еден месец, додека премиерот Груевски цел ден беше на службени средби во Париз, од кои најголем дел од нив во македонската амбасада, некои од домашните портали кои се отворени поддржувачи на опозицијата објавуваа невистини дека наводно македонскиот премиер цел ден бил на шопинг и наводно потрошил 100 илјади евра, што е тотална измислица и груба лага.

Пред само два дена овие портали објавуваа дека премиерот Груевски наводно е во Монте Карло што повторно се покажа дека е апсолутна лага. Очигледно е дека претседателот на Владата на Република Македонија е предмет на валкана кампања од страна на некои медиуми финансирани од Сорос“, се наведува во писмената реакција на Владата.

Демантот доаѓа како реакција на објавената фотографија на која се гледа како премиерот го поминува својот летен одмор во Израел, што беше потврдена дестинација од страна на Владата на РМ.