Вкупно 8,1% од граѓаните на Куманово гласале до 10 часот

Сподели со своите пријатели

Вкупно 10,1% од жителите на Општина Куманово го оствариле своето право на глас до 10 часот, односно гласале 7.337 гласачи од 152 процесирани избирачки места од вкупно 167.

Во Општина Липково гласале 3,84% од избирачите, односно 963 жители од 25.070 граѓани со право на глас.

Вкупно 9,08% од граѓаните на Старо Нагоричане го оствариле своето право на глас, односно 318 од вкупно 3.428 гласачи запишани на избирачкиот список.

Во Општина Крива Паланка гласале вкупно 14,86% или 2.548 од вкупно 17.144 жители со право на глас.

Од Североисточниот регион нагјолема излезност има Општина Ранковце, каде до 10 часот своето право на глас го оствариле 17,29%, односно 535 жители од вкупно 3.094 граѓани со право на глас.

Во Општина Кратово гласале 11,34% или 939 гласачи од вкупно 8.282 жители со право на глас.