Вкупно 1.722.000 денари за новогодишно украсување на Куманово

Сподели со своите пријатели

ЈП „Куманово паркинг“ и годинава е задолжено за новогодишно украсување на Куманово. Општината од буџетот одвои 1.722.000 денари за украсување. Тендерот веќе е распишан, а се пријавила само една компанија од Скопје.

 

Loading...

 

Новогодишни украси и светилки ќе бидат поставени на главните сообраќајници булеварите „Трета МУБ„ и „Октомвриска револуција„, улиците во централното градско подрачје, „Доне Божинов“, „Народна револуција“ и „11 Октовмри“, како и на централниот и на плоштадот пред Центарот за култура.

 

 

– И годинава главен акцент ќе се стави на централното градско подрачје со различни украси од минатата година. Секако ќе биде поставена и метална елка на градскиот плоштад, изјави директорот на ЈП „Куманово Паркинг“, Фадиљ Шабани.

 

Loading...

 

Новогодишните украси ќе бидат поставени до средината на јануари, идната година. Од претпријатието апелираат до кумановци совесно да се однесуваат кон поставената празнична декорација.

Текст: МИА / фото: Архива на Кумановски Муабети