Вкупно 1.129 починати лица имало на Избирачкиот список

Сподели со своите пријатели

Административните проверки на Државната изборна комисија (ДИК) утврдиле дека на Избирачкиот список има 1.129 починати лица, за кои од ДИК велат дека ќе се избришат.

Ова беше презентирано денеска во првиот дел од седницата на ДИК. Утврдено е дека од вкупно 41.863 барања за проверување лични карти, МВР проверило 19.689 или 41 отсто. Од вкупно 68.695 барања за проверка на патни исправи проверени се 8.519, односно 12,4 отсто, пишува ПлусИнфо

Во вториот дел од состанокот треба да се презентираат податоците од теренските проверки.