Виктор Петковски го фати крстот во Соборниот храм „Свети Никола“ (фото+видео)

Сподели со своите пријатели

Виктор Петковски е момчето кое имаше најмногу среќа од скокачите во Соборниот храм „Свети Никола“, од сите пријавени.

 

Loading...

 

Петковски по седми пат учествува на оваа традиционална манифестација, а светиот крст и во 2015 завршил во неговите среќни раце. Живее во населбата Којнаре, има 22 години и е невработен. Очекува оваа година да биде среќна и да добие вработување.

За сите христијани очекувам здравје, среќа и благослов. Ова ми е седми пат, на петти апт го фатив тука, сега повторно. На младите им порачувам да се охрабрат, времето не е ладно, Господ дава топлина, сите можат слободно да скокаат и да го почувствуваат чувството – изјави Петковски.

Од свештеништвото на подарок доби икона и свет крст, како и накит од кумановската златара.

 

 

Претходно во Соборниот храм „Свети Никола“ се одржа и света литургија по повод празникот Богојавление.

Loading...

 

 

 

Loading...