Викендов постудено и со снег

Сподели со своите пријатели

Времето утре ќе биде облачно, попладне со повремени локални врнежи од дожд, а на планините од снег, особено во западните и јужните делови.

Утринската температура ќе се движи од еден до шест степени, а дневната од пет до 11 степени.

Управата за хидрометеоролошки работи информира дека од недела нашето подрачје ќе биде под влијание на релативно студена и влажна воздушна маса, односно под снежен бран. Се очекуваат врнежи претежно од снег, само во крајниот југоисточен дел од земјава повремено ќе бидат од дожд и снег.

Утринската температура ќе се движи од минус еден до четири, а дневната од нула до пет степени.

До вторник насекаде се очекува формирање снежна покривка, а на планините ќе има нејзино значително зголемување. Изобилни врнежи од снег се очекуваат во јужните и источните делови на Македонија./МИА

Leave a Reply