Ветер и услови за дожд, од утре студен бран ќе ги намали температурите

Сподели со своите пријатели

Времетео денеска ќе биде претежно облачно со умерен до засилен северен ветер, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Во централните и северните делови со сончеви периоди. Кон крајот на денот и преку ноќта ќе има локални врнежи од дожд, кои во јужните делови повремено ќе бидат со умерен интензитет. Минималната температура ќе се движи од 5 до 13, додека максималната дневна ќе биде во интервал од 12 до 17 степени целзиусови.

Во Куманово и околината денес ќе имаме облачно време со врнежи од дожд. Ќе дува на моменти засилен ветер со брзина од 33 киломтери на час од северен и северозападен правец, а максималната дневна температура ќе изнсува 15 степени целзиусови.

Поради спуштање на студен воздух од север во текот на ноќта кон петок и во петок претпладне на повисоките планини во западниот дел од земјава врнежите ќе поминуваат во снег. Ќе дува умерен до засилен северен ветер кој ќе предизвика значително опаѓање на температурата. Од петок попладне следува период на стабилно, суво време со утрински температури кои на некои места ќе се спуштат под нула.