ВЕРУВАЛЕ ИЛИ НЕ: Овој човек може да повлече брод (видео)

loading...

Многу боди билдери го фасцинираат интернетот покажувајќи како можат да повлечат автомобил или комбе, но дали можете да замислите воопшто дека постои човек кој е толку силен што успеал да повлече брод?

Еден Русин ќе ве остави без текст.

Иван Савкин е еден од најсилните луѓе во светот и во Русија и тоа повеќе пати го има докажано. Овој пат се одлучил да повлече ни повеќе ни помалку вистински брод.

Влечејќи автобус со својата коса сруши нов гинисов рекорд (видео)

Овој човек е познат и како „Човекот планина“, а успеал со помош на јаже да повлече брод од неверојатни 5.000 тони.

Товарниот брод Аурора се покажал како недоволно тежок за Иван Савкин кој успеал да го повлече неколку метри.

Саквин до сега повлекол тенк од 20 тони и кран тежок 300 тони, овој најнов рекорд како што изјавил, го посветува на претседателот на Русија, Владимир Путин.


© Крадењето авторски содржини е забрането со закон. Преземањето на текстови, изјави или фотографии во авторска сопственост на порталот Кумановски Муабети е дозволено делумно, со задолжителен хиперлинк до содржината која се пренесува.

Последни наслови

Facebook Comments