Вечерва се отвора Версус Бар

Сподели со своите пријатели

Вечерва, во 21:00 часот, ќе започне свеченото отварање на Версус Бар. Лоциран веднаш до Спортската Сала, реновираниот објект ќе ја започне новата летна сезона. И покрај лошите временски услови, од барот ни најавуваат одлична забава, а доколку времето дозволи, планиран е и голем огномет.

Loading...

На забавата ќе настапи нашиот добро познат хип-хоп и аренби диџеј, Shorty P AKA Pancho. По него, свој настап ќе има DJ Marco, кој ќе ја забавува публиката со најголемите Македонски и Екс-Ју хитови. Влезот е бесплатен, најавени се промоцци на пијалоци, а поканети се сите кои се желни за добра забава.

 

Во саботата забавата продолжува со исто темпо. За разигрувае на публиката ќе биде задолжен DJ Sicky со своите Балкански хитови. Најавен е и happy hour од 21:00 до 22:00 часот, кога сите пијачки ќе се продаваат на половина цена. Версус Бар и летово ќе биде едно од главните свратилишта на младите во градот, со најави за настапи на еминентни имиња од Балканската и светска сцена.