Вечерва на полноќ стартува предизборниот молк

Сподели со своите пријатели

Партиите, коалициите и независните кандидати денеска со митинзи и со средби со граѓани ја завршуваат изборната кампања за претстојните локални избори, а на полноќ стартува предизборниот молк.

Коалицијата „Живот во Македонија“ предводена од СДСМ ќе одржи средби со граѓани во Дебарца и Вевчани, а митинзи во Струга и Охрид.

Карванот на Коалицијата „За подобра Македонија“ предводена од ВМРО-ДПМНЕ ќе има завршен митинг во Скопје.

Демократската унија за интеграција ќе има финални средби со граѓани во повеќе општини.

Движењето „БЕСА“ организира средба со граѓани во Чаир.

Кампањата за првиот изборен круг завршува вечер во 24 часот.

Гласањето в недела на 15 октомври почнува во седум и ќе трае до 19 часот. Локалните избори ќе се спроведат на 3.480 избирачки места во 80 општини и во Градот Скопје.

Во сабота, ден пред изборите, гласаат болни и изнемоштени лица, затворениците и лицата во притвор.

Право на глас на претстојните локални избори имаат 1.814.644 гласачи.

Во изводите од избирачкиот список се запишани 1.735.682 гласачи, 77.071 избирачи се на привремена работа или престој во странство, 1.882 за време на изборите се на издржување казна затвор или се во притвор, а девет гласачи се запишани како внатрешно раселени лица.

На шестите локални избори во Македонија учествуваат кандидати за градоначалници и за советници од 19 партии и коалиции, а 64 се од групи избирачи.

Вториот круг од изборите е закажан две недели подоцна, на 29 октомври.Изборитe на 15 октомври се шести локални избори во Македонија.

Вториот круг од изборите е закажан две недели подоцна, на 29 октомври. Изборната кампања за вториот круг завршува на 27 октомври во 24 часот.

Извор: МИА

Loading...