Вдишуваме повеќе бактериии од водата од чешма отколку од тоалетот

Сподели со своите пријатели

Нашите домови се густо населени со бактерии, но за среќа, станува јасно дека микроорганизмите во воздухот, кои доаѓаат од водата од чешма, се значително повеќе од оние во во тоалетот..

Марзија Милена и Стивен Лидноу од Калифорнискиот универзитет во Беркли ги мапирале бактериите, кои циркулирале во 29 домови во Калифорнија. Екипата зел примероци од кујнските површини, тушеви, плочките во бањата, килимите, тоалетите, домашните миленици и луѓето кои живеат во становите и откриле дека еден од најчестите извори на кои се наоѓале во воздухот бактерии е воздухот кој доаѓа однадвор.

Влезот на надворешниот воздух е корисен, вели Милена. Свеж воздух внесува нови бактерии и отстранува некои од потенцијално опасните кои ги култивираме во своите домови.
“Отворањето на прозорците ги чисти бактериите од нашите домови”, забележува таа.

Во Калифорнија, каде што климата е топла и голем дел од луѓето ги држат прозорците отворени, надворешниот воздух увезува 16,5 проценти од бактериите, додека подовите и ќилимите придонесуваат со 20 проценти од микроорганизмите.

Тоа е така, најверојатно затоа што одењето по подот ги распрскува бактериите во воздухот. Микробиолозите се интересирале и дали пуштањето на водата во тоалетот шири фекални бактерии, но утврдиле дека тоа не е така. Само 0,4 отсто од бактериите во воздухот доаѓаат од тоалетот, а тоа е значително помалку од микроорганизмите, носени од водата од чешма.

Leave a Reply